„Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор со три години“, стои во членот 377 од Кривичниот закон на Република Македонија.Управниот суд на Република Македонија ги стави вон сила, односно донесе времена мерка се до донесување на конечна одлука за сите 29 решенија кои пред Нова година ги донесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од 29-те, пет се решенија за разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид. Освен началничките, Управниот суд со времена мерка ги ставил вон сила и решенијата на Спасовски за унапредување на уште 17 лица.
Со незаконските решенија на Спасовски се прекрши Законот на внатрешни работи, бидејќи спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени 17 лица , партиски кадри на СДСМ. Некои од нив незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на министерството. Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски кој од инспектор во ПС Гази Баба пред Нова Година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на директорот на УБК.
Ваквото неразумно однесување на Спасовски спротивно на законите беше најавено од страна на екс министерот за внатрешни работи на СДСМ Љубомир Фрчковски, две недели пред поставувањето на техничкиот министер што е потврда дека разрешувањата биле претходно планирани.
-Како партали новиот министер треба да ги спакува и да ги смени, а тие после нека тужат следните шест години дека тоа не било согласно систематизација. Министерот мора да има можност да организира освен оние кои ги именува Владата, тие ќе останат проблематични, изјави Фрчковски во гостувањето во Нова ТВ.
Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков вчера истакна дека во решенијата на Спасовски грубо се прекршени повеќе одредби од Законот за внатрешни работи каде детално е регулирана постапката и условите за распоредување на работниците на повисоко или пониско место.
-Управниот суд на Република Македонија донесе 29 решенија за времена мерка со кои предлогот за дополнителниот заменик министер за внатрешни работи за донесување времена мерка СЕ УВАЖУВА и му се ЗАБРАНУВА на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да превзема мерки и дејствија во врска и по повод на 29 решенија за разрешување, именување и распоредување на раководни и други работници во МВР, истакна вчера Чавков.
Незаконските именувања на Спасовски предизвикаа хаос во МВР. Неискуството на партиски кадри кои ги постави Спасовски на високи позиции резултираа со низа пропусти, па повеќе од јасно е дека одлуката на судот треба да се испочитува и тие да ги напуштат позициите. Поради проспуст во истрагата на СВР Скопје на чие чело е Лазе Велковски, поставен од Спасовски, невино момче 10 дена помина во притвор како осомничен за убиство, што кај него и неговото семејство предизвика тешки последици.
Кривичниот закон предвидува од една до 10 години затворска казна ако поради неизвршување на судска одлука се предизвикало потешка повреда на правата на друг или значителна имотна штета.Управниот суд на Република Македонија ги стави вон сила, односно донесе времена мерка се до донесување на конечна одлука за сите 29 решенија кои пр