Собранието вчера расправаше за неколку измени на Законите за основно и за средно образование, кои според предлагачот, односно претставниците на извршната власт имаат за цел да го стимулираат квалитетот на образовниот систем преку унапредување и обезбедување континуитет во низа процеси и реформи кои веќе го дале очекуваниот ефект.Меѓу предлог измените за кои, според информациите постигната е и согласност со Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, највпечатливи се оние кои се однесуваат на екстерното тестирање кое, како процес на проверка на објективноста на оценувањето на наставниците и проверка на постигањата на учениците постои и во најголем дел од земјите членки на ОЕЦД.
Новите законски решенија предвидуваат оценките кои ги добиваат учениците од ова тестирање, од идната учебна 2016/2017 година да не влијаат на општиот успех. Тие наместо во ученичкото свидетелство, ќе се впишуваат во негов додаток и ќе бидат еден од критериумите кои ќе обезбедуваат предност при упис во средно училиште, односно на факултет. Дополнително, учениците од четврто и петто одделение од следната учебна година нема да бидат дел од тестирањето.
Предлагачот на законските измени предвидува и ревизија и ажурирање на прашањата од страна на комисија која, по пат на јавен оглас за секој поединечен предмет ќе ја формира имплементаторот на овој процес, Државниот испитен центар. Секоја комисија ќе биде составена од еден универзитетски професор кој го предава соодветниот предмет и двајца наставници од основно, односно средно училиште. Тие, еднаш годишно ќе прават корекции и дополнувања на јавниот базен со прашања, од каде потоа, учениците ќе може да си го проверува знаењето преку пробни тестови, за чие генерирање ќе биде изработена посебна системска апликација.
Во интерес на подигнување на квалитет на процесот, се предвидува набљудувачите кои се дел од екстерното тестирање и го контролираат неговото спроведување непосредно, да се избираат преку јавен оглас на Државниот испитен центар.
Дел од овие измени поврзани со екстерното тестирање, воведено пред 4 години како механизам за справување со необјективноста во оценувањето наставниците, која во периодот на транзицијата, по притисок на тогашната власт врз просветните работници ја доживеа најголемата експанзија, беа најавени кон крајот на минатата година од тогашниот премиер и сегашен актуелен предводник на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој, многупати ја изрази подготвеноста на Владата за соработка со сите засегнати страни за негово унапредување.
Предлог измените обезбедуваат и правен основ за доделување на парични награди за учениците кои ќе освојат едно од првите три места на некоја од вкупно 13те меѓународни научни олимпијади, проект кој исто така неодамна го најави Груевски како дел од пакетот 40 мерки наменети за младите, а се превидува и доделување на средства од страна на државата за финансирање на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. За оваа намена еднаш годишно ќе се објавува јавен повик, на кој ќе може да аплицираат сите основни и средни училишта.
Исто така, предлагачот на законските решенија предвидува и обезбедување на законски основ за воведување на целосна меѓународна ИБ програма и во средно образование. Инаку до овој момент ИБ програмата се имплементира само во 2 основни училишта во Скопје, во одделенска и предметна настава, како и во скопската гимназија Јосип Броз Тито, но само во трета и четврта година.Меѓу предлог измените за кои, според информациите постигната е и согласност со Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, највпечатли