Заладување со пообилни врнежи од дожд, снег на планините- еве какво ќе биде времето

Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.Како што информира УХМР, во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег.
Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец.
Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 6 литри на метар квадратен наврна во Демир Капија, Дебар и Куманово, 5 литри имаше во Лазарополе, Претор и Струмица, 4 во Охрид, 3 во Битола, Штип, Гевгелија, Крушево и Дојран, 2 литра во Крива Паланка, Тетово, Маврово и Берово и 1 литар на метар квадратен во Прилеп.
Времето денеска е сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Во вечерните и ноќните часови во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен јужен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен. Во Скопје максималната температура ќе достигне до 18 степени целзиусови.Како што информира УХМР, во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег.
В

Пронајдете не на следниве мрежи: