ЖАЛНО: Еве што се случува со родителите на копилотот кој го сруши авионот кај Алпите

Таткото на Андреас Лубиц, копилотот на нискотарифната компанија Германвингс кој Airbus A320 во вторникот намирно го заби во Алпите во Франција, целосно е скршен поради безумниот чин на својот син, пишува Daily Trlrgraph повикувајќи се на началникот на француското место Prads-Haute-Bléone, кое се наоѓа во близина на местото на трагедијата.„На грбот го носи сиот товар на оваа драма. Тоа е човек чиј живот се распадна“, изјави началникот Бернард Бартолини кој со таткото на Лубиц имал прилика да разговара кога тој со сопругата дошол на местото на несреќата да го бара син му, и кога дознал дека токму тој ја предизвикал несреќата.
Ни таткото ни мајката на Андреас досега јавно не проговорија за семејната невоља во која се најдоа.Откако се увиде дека нивниот син е виновен за падот на авионот, француската полиција ги испитала, а истото ќе го направи и полицијата во Германија.
Бернард Бартолини вели дека се сретнал со сопружниците во четвртокот: Тој (таткото) е човек чиј живот се претвори во рушевини. Ми беше многу жал додека го гледав како станува емотивен – емотивен бидејќи го изгуби своето најмило, но и бидејќи неговиот син можеби ја предизвикал целата оваа трагедија – изјавил Бартолини за француската информативна телевизија BFM TV.

 

„Имам голема почит за тој човек кој се најде во центарот на вниманието кое сосема сигурно не го бараше“, додава Б.Б.
Инаку родителите на Лубиц имаат куќа во Монтабар, која истражителите ја претресле и од неа изнеле неколку вреќи документи. Копилотот овде привремено живеел, а имал и сопствен стан во Дизелдорф, 
Истражителите засега веруваат дека трагичната несреќа ја предизвикал Лубик, кој го искористил моментот кога капетанот излегол од пилотската кабина за да оди во тоалет, се заклучил во кокпитот и потоа го насочил авионот во сигурна смрт за него и патниците.
На страшните снимки од црната кутија може да се слушне капетанот како удира по вратата на пилотската кабина и го моли Лубик да го пушти внатре. Лубик, од другата страна на вратата, молчел цело време додека авионот се спуштал.
Според истите снимки, може да се заклучи дека патниците не биле свесни за опасноста во која се наоѓаат, сè до последниот момент на летот, кога можеле да слушнат врисоци.„На грбот го носи сиот товар на оваа драма. Тоа е човек чиј живот се распадна“, изјави началникот Бернард Бартолини кој со таткото на Л

Пронајдете не на следниве мрежи: