Неутешните родители ги отвориле срцата и раскажале како се чувствувале кога нивните ќерки, идентични близначки, починале од ист вид на агресивен карцином.Нев и Бел Боител, се бореле да преживеат бидејќи се родени два месеци порано. Меѓутоа, по само пет месеци, на девојчињата им била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Нев починала само месец дена подоцна, односно на шестмесечна возраст.
Нејзината идентична близначка преживеала уште скоро две години, но потоа и таа починала во прегратките на нејзините родители, Клара и Дарен, на возраст од 2 години и четири месеци.
„Нашите срца засекогаш се скршени. Нашите храбри принцези прерано нѐ напуштија“, рекла мајката.
Во ноември 2012 година, девојчињата биле сместени на оддел за интензивна нега во болница во Лидс (Велика Британија), откако прерано биле родени.
Нев одбивала да јаде, била бледа, а по телото ѝ се појавиле модринки. Кога била однесена во болница, лекарите на родителите им рекле дека девојчето боледува од акутна лимфобластична леукемија. Родителите ги замолиле лекарите да ја прегледаат и нејзината сестра. Биле скршени откако дознале дека и таа ја има истата дијагноза.
По 15-дневна хемотерапија, Нев ја изгубила битката за живот и починала во мај 2013 година. Била стара само шест месеци.
Бел ги минала двата родендени во болница, борејќи се против карцином. За жал, во март годинава починала од страшната болест.
Денес, нивните родители се обидуваат да соберат пари за доенчињата заболени од оваа опасна болест. Исто така, тие имаат цел да ја запознаат јавноста со оваа страшна болест.Нев и Бел Боител, се бореле да преживеат бидејќи се родени два месеци порано. Меѓутоа, по само пет месеци, на девојчињата им била дијагностицирана



