Маж зеде заложници во експозитура на „Ситибанк” во центарот на Москва и се заканува дека ќе детонира бомба, пренесе ТАСС.Се претпоставува дека мажот е на возраст меѓу 55 и 60 години. На вратот има закачена кутија, замотана со жолта лента. Од кутијата излегуваат жици.
Мажот се претпоставува дека е претприемач од Подмосковјето, кој произведува медицински предмети. Тој вели дека неодамна е банкротирал и сака да се создаде „Институција за банкротирани поединци”.
Според полицијата напаѓачот, роден во 1961 година, е Арам Петросјан.
Пресслужбата на „Ситибанк” соопшти дека работи со органите на прогонот за решавање во најкус можен рок на инцидентот во банката.
Во нападнатата филијала на банката влегол преговарач. На местото на инцидентот пристигнале полицајци, специјална единица на Министерството за внатрешни работи и претставници на Федералната служба за безбедност, како и деминери од Министерството за внатрешни работи.
Напаѓачот досега ослободи три жени. Се смета дека во банката останале тројца вработени и еден посетител.
Напаѓачот уверува дека неговите акции не се насочени против банката и сам побарал да преговара со полицијата. Банкарски службеници, кои успеале да ја напуштат зградата, велат дека мажот цел ден седел на клупата во близина на банката и се интересирал кој е гувернер на оваа филијала.
Преговорите со напаѓачот лично ги води началникот на градската полиција Анатолиј Јакунин.Се претпоставува дека мажот е на возраст меѓу 55 и 60 години. На вратот има закачена кутија, замотана со жолта лента. Од кутијата излегуваат жици.