Политиката отсекогаш била игра во која стратешки се натпреваруваат повеќе страни, кои се обидуваат да се надмудрат една со друга. Но, дали постои граница која не смее да се преминува?Македонија е изрешетана од „бомбите“ на Заев и јавноста полека почнува да се приближува до точката на вриење.
Луѓето наголемо се искарани едни со други, се организираат протести, се бараат оставки, фрчат закани и веќе осакатеното општество се дотепува со дополнителни хушкања и провокации.
И додека Заев се расфрла со своите петарди наоколу, најавувајќи нов бран на промени во Македонија, не може човек, а да не се запраша дали прислушкувањата се некоја новост со која Македонија ќе стане главен трендсетер за вакви активности во светот? – НЕ е!
Пред неколку години за малку ќе избиеше меѓународен инцидент кога беше откриено дека германската канцеларка Ангела Меркел била прислушкувана од страна на американскиот претседател Барак Обама.
Со оглед на тоа дека живееме во свет каде што технологијата е развиена и можат да се нанесат големи штети на една држава на различен број начини (од сајбер војни, до организирања преку социјалните мрежи), дали досега објавените четири „зелки“ на Заев најавија нешто ново?
Прислушкувањата, разузнавањето, но и шпионажата – не се ништо ново. Но, мора да признаеме дека сепак има една новост кај „бомбашите“ во Македонија. Тие никако не можат да се тргнат од Островот на мртвите. Мртвите луѓе треба да се остават на мира да почиваат, а не да се искористуваат за партиски поени и за ниски удари.
Доколку веќе се удира на картата дека „бомбашите“ се чесни луѓе и со интегритет, тогаш и таа мала трошка човечност во нив треба да проработи и да изнајдат нов начин за борба.
Дали станува збор за неодговорни лица или не, времето ќе покаже. Но, времето ќе покаже и докаже за сите оние случаи на успешно оперирани деца кои на сметка на државата денес живеат и растат нормално.
Недај Боже, ама навистина велам недај Боже ниеден родител да доживее толкава болка. Никој не вели дека е лесно, но и не треба луѓето да дозволат наивно да бидат изманипулирани од страна на очајни персони кои бараат начин како да предизвикаат нереди во државата.
Затоа, оставете ги мртвите настрана и сменете ја стратегијата Самурају. Со Вашите бомби само покажавте дека сте желни за власт и ништо друго.
Дали е посериозно прислушкувањето, или пак коалицирањето со луѓе кои се подготвени да ја продадат родната грутка за неколку илјади евра?Македонија е изрешетана од „бомбите“ на Заев и јавноста полека почнува да се приближува до точката на вриење.
Луѓето наголемо с