Заменете ги антибиотиците со овошје и зеленчук

Храната e значаен фактор за здравјето е вистинска нутриционистичка библија која треба да ја има секое семејство. Oвошјето и зеленчукот  содржат големо количество витамини, минерали и диетални влакна кои имаат позитивен заеднички ефект врз општото здравје. Имунитетот опаѓа од лошата исхрана, а се појавуваат и разни заболувања.Практикувајте често  консумирање на овошје и зеленчук , нека вашето  здравје биде  приоритет  број еден во вашиот живот. 1.Спанаќ
Спанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен пријател на мажите. Спанаќот е билдер на бицепсите и е богат со омега 3 и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, срцев удар и остеопороза. Бонус: фолната киселина, исто така, го зголемува протокот на крв во пенисот. Лутеинот кој се содржи во спанаќот, се бори против старечкото слепило. Дневната препорачлива доза на свеж спанаќ е 200 г.

 
2.Домат
Има две работи кои треба да ги знаете за доматите. Прво, црвените се најдобри бидејќи изобилуваат со ликопен (јак антиоксиданс од групата каротеноиди) кој многу поволно делува на работата на срцето. Второ, обработените домати се исто толку моќни како и свежите, бидејќи преку нивното консумирање му е полесно на организмот да го апсорбира ликопенот. Истражувањата покажале дека диетата богата со ликопен може да го намали ризикот од рак на бешика, бели дробови, простата, кожа и стомак, а го намалува и ризикот од појава на коронарна артериска болест (болест на срцето поради затнување на артерии). Препорачливо е секој ден да консумирате по 2 домати или една чаша џус од домати.
3.Моркови
Повеќето црвени, жолти и портокалови зеленчуци и овошја се богати со каротеноиди – соединенија растворливи во масти, кои помагаат во борбата против заболување од разни видови рак, а го намалуваат ризикот и сериозноста на воспалителните состојби, како што се астмата и ревматоиден артритис. Препорачлива дневна доза на морков е 100 грама.
 

 
4.Боровинки
Во однос на другите овошја, боровинките содржат најмногу антиоксиданси и помагаат во спречување на заболувањето од рак, дијабетес и губење на помнењето со текот на стареењето. Истражувањата покажале дека боровинките, кои се богати со растителни влакна и витамини А и Ц, го подобруваат кардиоваскуларното здравје.  Препорачливо е дневно да се консумираат околу 250 грама свежи боровинки.
 
5.Јаболка
Јаболката се извонредно овошје богато со витамин ц, витамини од групата б, калциум, калиум фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото. Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед. 1.Спанаќ
Спанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен п

Пронајдете не на следниве мрежи: