Заминал во друга земја да се жени, но завршил зад решетки!

Босанецот Мустафа К. заминал за Будва да ја запознае жената на својот живот, но наместо на матичар, завршил во затвор.Тој се нашол зад решетки бидејќи лажно пријавил дека е нападнат, претепан и ограбен. Инспекторите се посомневале во неговата приказна поради неколкуте нелогични детали.
„Рече дека го нападнаа, му ги зедоа личните документи и 180 евра. Инспекторите покренаа истрага против напаѓачот, но е утврдено дека лажеше. Кога беше фатен во лага, се бранеше дека добил сончаница и дека не се сеќава на ништо. Уапсен е бидејќи лажно пријави кражба во полиција“ – пишуваат црногорските медиуми.
Босанецот на крај признал дека пред неколку денови стигнал во Будва за да ја запроси девојката која ја запознал месец дена претходно на Фејсбук.
Кога се видел со „саканата“, работите не му изгледале како на фотографиите кои ги споделувала Будванката.
„Дојде на идеја да пријави кражба и напад кога сфати дека тоа не е жената со која сака да го помине животот. Рече дека остана без пари и мислеше дека на овој начин ќе ги покрие трошоците и ќе може да се врати во Босна“ – пишуваат медиумите.
На Босанецот му е одредена мерка притвор од 30 дена.Тој се нашол зад решетки бидејќи лажно пријавил дека е нападнат, претепан и ограбен. Инспекторите се посомневале во неговата приказна поради неколк

Пронајдете не на следниве мрежи: