Заминале на меден месец кој траел 675 дена!

За поголемиот број двојки, медениот месец вклучува добар одмор кој трае неколку дена. Но, тоа правило не важеше за Ен и Мајк Хауард од Њујорк, бидејќи нивниот меден месец стана двегодишна авантура. Нивниот меден месец траел точно 675 дена.Тие заклучиле дека неколкудневен одмор не им е доволен, па во текот на брачното патување го прошетале целиот свет.
Ен и Мајк се вратиле во САД, откако посетиле 302 локации во 33 земји и шест континенти, пришто нивниот буџет бил распределен да трошат 45 долари дневно.
„Кога ја одбиравме дестинацијата, заклучивме дека списокот е премногу долг, а живототот прекраток. Заштедивме пари, немаме деца, здрави сме, светот е голем и нема подобар момент за патување. Уверени сме дека медениот месец мора да биде бомбастичен и дека мора нешто да значи, а не да остане само уживање во луксузот“ изјави Ен (32).
Тие тврдат дека трошеле по околу 40 долари дневно, но тоа не важело за Велика Британија, Јапонија или Австралија, каде што трошоците се многу поголеми отколку, на пример, во Виетнам, Турција или Боливија.

„Норвешка нè чинеше повеќе од 70 долари дневно, но затоа пак, во југоисточна Азија минуваваме со по помалку од 20 долари. Штедевме на различни начини, па излезе дека патувањето околу светот е поевтино од изнајмувањето на станот во кој живееме“, рече Мајк.
По враќањето во САД, тие отвориле сопствена компанија, која ќе им помага на младите парови да го направат истото што и тие.
„Не сме агенција за патување, но сакаме да го споделиме искуството со сите што имаат ист сон како и ние, а не знаат како да го остварат. Ги учиме младите парови како да го испланираат патот и да добијат непроценливи искуства. Сакаме луѓето да знаат дека не треба да бидат милионери за да заминат на патување“, заклучуваат Ен и Мајк.Тие заклучиле дека неколкудневен одмор не им е доволен, па во текот на брачното патување го прошетале целиот свет.
Ен и Мајк се вратил

Пронајдете не на следниве мрежи: