Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер изјави дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД претставува ризик за односите меѓу ЕУ и САД, пренесоа агенциите.„Изненадувачкиот победник на изборите во САД е несоодветен за ЕУ и за тоа како работи“, коментира Јункер.
Според него, новиот претседател на Америка претставува ризик за интерконтиненталните односи во нивната основа и структура. Јункер предупреди за последиците од изјавата на Трамп за безбедносна политика.
„Треба да го научиме што е Европа и како таа функционира“, рече тој.
„Мислам дека ќе поминат две години пред Трамп да го обиколи светот, кој не го познава“, смета претседателот на ЕК.
Во меѓувреме, во Америка продолжуваат протестите поради победата на милијардерот. Во ноќта, петок спроти сабота, демонстранти излегоа на улиците на Вашингтон и скандираа против милијардерот.
На некои од плакатите и слоганите беа испишани зборовите: „Не на Трамп, не на ККК (Кју Клукс-клан), не на фашизмот“. Протестот беше организиран од локална антифашистичката група.„Изненадувачкиот победник на изборите во САД е несоодветен за ЕУ и за тоа како работи“, коментира Јункер.
Според него, новиот п