Капитенот на италијанскиот калчолигаш Интер, Хавиер Занети, изјави дека сака да ја заборави минатата сезона и верува дека ова е сосема нов почеток за екипата на Интер.„Ова е година во која мораме да се вратиме на вистинскиот пат, пристигна новиот тренер кој има јасна идеја, екипата мора да одговори на новите барања, не смееме да си дозволиме себе си ново разочарување“ изјави аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер.
Инаку Занети верува дека ја донел вистинската одлука околу продолжувањето на својата кариера, бидејќи верува дека во него останало уште енергија.
„Мислам дека ја донесов вистинската одлука, во мене сеуште има енергија“ изјави Занети.„Ова е година во која мораме да се вратиме на вистинскиот пат, пристигна новиот тренер кој има јасна идеја, екип