Западот стравува: Која земја ќе стане наредна мета на исламистите?

Шефот на британското внатрешно разузнавање МИ5, Ендрју Паркер, изјави дека исламистичка група во Сирија планира големи атентати на Запад, пренесоа француските медиуми.Генералниот директор на МИ5 изјави дека има ризик од напади, кои може да бидат изведени од борците на различни групи кои се враќаат од Сирија.
И покрај тоа што највидливата закана доаѓа од Исламска држава, екстремистите од групата поврзана со Ал Каеда, исто така, претставуваат опасност, посочи тој.
Паркер прецизира дека ИД и се заканува на Велика Британија на три начини: убиства на Британци во Сирија, користење на Сирија како база за враќање назад во Велика Британија и другите земји на свои членови за извршување напади и користење на пропагандата за поттикнување на Британците во Велика Британија да извршуваат напади.
Тој посочи дека умешноста на групите за користење на социјалните мрежи нивната порака практично ја донела до секој дом во Велика Британија, што довело до серија напади, од кои многу биле спречени од службите за безбедност и полицијата.
Британски официјални лица вчера соопштија дека ќе има значително засилување на граничните процедури на пристаништата и железничките станици.
Шпанија, исто така, соопшти дека ќе ги засили мерките за заштита на важните објекти.Генералниот директор на МИ5 изјави дека има ризик од напади, кои може да бидат изведени од борците на различни групи кои се враќаат од Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи: