Записник од разговорот на министрите фон Рибентроп и гроф Ќано во 1941 за поделба на Македонија

По освојувањето на Франција и по воздухопловната битка за Велика Британија, Германија  во 1941 година, се готвеше да се пресмета со Советскиот Сојуз. Меѓутоа, Третиот Рајх претходно требаше да го обезбеди Балканот.По освојувањето на Франција и по воздухопловната битка за Велика Британија, Германија  во 1941 година, се готвеше да се пресмета со Советскиот Сојуз. Меѓутоа, Третиот Рајх претходно требаше да го обезбеди Балканот. Со вклучувањето во Тројниот пакт на Унгарија, Романија и Бугарија балканските земји станаа и војничка база за инвазија врз потенцијално најмоќниот непријател, Советскиот Сојуз. Плановите на Третиот Рајх беа пореметени во моментот кога не успеа вклучувањето на Југославија во Тројниот пакт поради пучот што го извршија офицери од бившата југословенска војска на чело со генералите Симовиќ и Мирковиќ. Казната следуваше набрзо, Во април 1941 Хитлер ја вападна Југославија и Грција.
За Германија војната против Југославија претставуваше нов момент  кои ги поремети нејзините планови за напад на Советскиот Сојуз. Ангажирањето на германските воени сили за разбивање на Југославија и Грција предизвика намалување на ефективите предвидени за напад на Советскиот Сојуз. Германија за да се остави што помал дел од своите воени ефективи потребни за држење во покорност на балканските народи, уште пред да бидат нападнати Југославија и Грција, презеде соодветни чекори  за да ги обезбеди своите воено-стратегиски и економски интереси на Балканот, а потоа, и интересите на сојузниците Италија, Унгарија и Бугарија. Хитлер за да го оствари својот план пред се ги имал во предвид претензиите на сојузниците, потоа нерешеното национално прашање во кралството Југославија и сепаратистичките стремежи на разните реакционерни групи.Сите овие фактори доведоа до распарчување на Југославија и нова поделба на Македонија.
На состанокот одржан од 20-29 април 1941 година, во Виена, меѓу министерот за надворешни работи на фашистичката влада на Италија, грофот Ќано, и министер за надворешни работи на Третиот Рајх, фон Рибентроп, била склучена спогодба за поделба на Југославија. Во текот на разговорите кои се воделе во хотелот „Империјал“, била определена и демаркационата линија помеѓу бугарските и италијанските окупациони сили во Македонија. Според оваа спогодба, поголем дел од Македонија, дел од Србија (Поморавјето п областите по текот на реките Нишава и Тимок) и еден дел од Косово и се доделуваат на Бугарија. Исто така, Бугарија  добива територии од Егејска Македонија и Тракија кои и припаѓале на Грција. Западна Македонија, со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, потоа Костурско и поголем дел од преспанските села и се доделени формално на Албанија, а фактички на Италија. Ваквата поделба со која Бугарија добива голем дел од територијата на Македонија овозможи, покрај Италија, Унгарија и Бугарија да стане воен сојузник на Германија. Сето ова му овозможи на врховната команда на Третиот Рајх да ослободи значителен број од воени единици потребни за операциите на Источниот фронт
Како се одвиваа разговорите на 22 април 1941 година, меѓу министрите за надворешни работи на Германија и Италија, фон Рибентроп и грофот Ќано, може да се види од белешките на Шмит: (Politisches Archiv des Auswaetigen, skr. PAAA: Bon, Reichs-ministerfilm, F.2 – F.15 -045).
Овде ви ги пренесуваме само деталите кои се однесуваат на Македонија Во записникот стои:
„Министерот за надворешни работи на Рајхот го започна разговорот со укажувањето дека тој го известил Фирерот за вчерашното разгледување со гроф Ќано и за сфаќањето на Дуче во однос на расправањето на постојните прашања за идното преиначување на југословенскиот простор; Фирерот кон тоа го зазел следново стојалиште: Натаму Германија би била економски заинтересирана.
Во резултат  на воениот потфат би морало да се смета со тоа дека големиот југословенски стопански простор, кој беше важен извор за снабдување на Германија, за некое време би отпаднал. Долго би траело додека таму одново би се воспоставил ред. Така балканскиот воен поход, стопански погледнато, се покажува како едно силно оптоварување за германското снабдување со суровини и за увозот на жито од Бачка и Банат, каде што станале многу разурнувања. Фирерот под овие околности, како што е речено, имало да застапува во овој простор двојни интереси:
1) германските  краишта одново да ги приклучи кон Рајхот; и
2) на Рајхот да му се осигурат хромните и оловните рудници кај Љуботен, Македонија, и оловните наоѓалишта кај Митровица, што во случајот на Бугарија врз основа на јасни договори рудникот кај Љуботен би бил еден вид германско претпријатие, додека за оловното наоѓалиште кај Митровица, чиешто вадење на руда би морало да биде уште посилно, би им се наметнал  на Србите соодветен услов.
Сега се работеше за тоа да им се излезе во пресрет на етнографските размислувања кои се однесуваат за желбите на Дуче во поглед на албанско -македонската граница и истовремено да се бара пат за да се осигураат порано споменатите германски економски интереси.
Од тоа произлезе новиот германски предлог, кој Министерот за надворешни работи на Рајхот го поднесе заклучно во форма на скицирана карта со одбележани гранични линии. Тогаш се работеше за тоа, тој (Министерот за наддворешни работи на Рајхот) да говори со Бугарите и ним да им објасни дека  поднесените желби на Италија сторија да станат нужни некои откажувања во Западна Македонија.
Рајхсминистерот за надворешни работи го замоли гроф Ќано да му каже на Дуче дека е желба на Фирерот овие работи така да бидат уредени т.е. германските области да му бидат вратени на Рајхот и двата рудника што доаѓаат под Бугарија, односно споменатите рудишта што остануваат во Србија да му се стават на располагање на Рајхот.
Другите проблеми, Црна гора, Хрватска, Далмација, грчкиот појас што треба да и припадне на Албанија, се прашања за кои Германија е политички дезаинтересирана и според мислењето на Фирерот му се препушта на Дуче да ги среди работите така како што тој сака….
….Во натамошниот тек на разговорот Министерот за надворешни работи на Рајхот се осврна уште и на изнесената желба од крал Борис на фирерот за отстапување на Солун на Бугарија.
Ќано изјави тогаш со извесна живост дека во однос на оваа точка не би можел да се изјасни. Министерот за надворешни работи на Рајхот одговори дека фирерот не му дал никакво цврсто ветување на крал Борис. Тој му соопштил дека за оваа работа би можел да реши дури подоцна кон крајот на војната. Фирерот го споделувал мислењето на Дуче што му е пренесено од гроф Кано, дека општиот комплекс на прашања за Грција ќе треба да се решава од Фирерот и од Дуче дури по крајот на војната.
Крал Борис изгледа дека бил поттикнат во своето барање кога разбрал за ветеното отстапување на Солун на Југославија. Впрочем, тој многу силно се заложил за приклучување на Солун кон Македонија и истакнал дека областите на Солун и Македонија природно си припаѓаат заедно и дека практично една без друга не би можеле да егзистираат. Министерот за надворешни работи додаде тој лично верувал оти фирерот се спротивставил не без симпатии кон желбата на крал Борис, макар што му објаснил дека тоа прашање ќе може да се реши дури подоцна. Министерот за надворешни работи на Рајхот го замоли гроф Ќано да го извести Дуче за тоа дека Министерот за надворешни работи на Рајхот имал впечаток оти Фирерот се однесувал кон бугарското барање со разбирање.
Ова излагање очигледно го убедило грофот Кано наспроти неговите порано изразени мисли, па ја означи тој настанатата нова граница со приклучување на Солун на Македонија како сосема логична. Тој додаде дека оваа логика би морала тогаш секако да биде применета исто така и за Грција и при тоа направи едно движење со раката за запоседнување на Грција….
…. Најпосле, тој запраша за начинот врз основа на кој треба да се утврди границата со Бугарија. Министерот за надворешни работи на Рајхот одговори дека тој ќе преземе да разговара со Бугарите и ним да им укаже дека тие поради италијанските желби ќе мораат да прифатат помалку поволна граница. Од пропагандна гледна точка нему му се чини позгодно кога ова прашање за границата не би се проследило со премногу врева, бидејќи би можело да биде искористено од непријателската пропаганда со мото за делење на малите држави од Оската. Од овие причини тој спомена дека посетата на гроф Кано би требало да се смета како неофицијална. Новото повлекување на границите бара да биде колку што е можно молкум извршено. Без да заземе веднаш став кон овие работи, тој се прашува дали нема Бугарите просто самите да се настанат на новата граница. Гроф Ќано кон тоа изрази двоумење, дека тогаш би можела во соодветни албански кругови да се појави силна опозиција против Бугарите, така што би морале силите на Оската во каков било облик да се стават зад ова повлекување на границите.
Министерот за надворешни работи на Рајхот му вети на гроф Ќано дека наскоро ќе направи предлог за начинот на утврдениот метод за определување на границите.
На крајот, Министерот за надворешни работи на Рајхот му предаде на гроф Кано формула за осигурување на германските економски интереси во новите области што и припаднаа на Италија.“
По кратката војна и капитулацијата на кралството Југославија, заедно со пристигнувањето на германските единици во Македонија, во Скопје пристигнаа од Бугарија една група бивши македонски политички емигранти, кои со месните подржувачи, а под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година формираа „Централен акционен комитет”. Во периодот од доаѓањето на германските војски до воспоставувањето на бугарската окупација во Македонија, Централниот акционен бугарски комитет упатува прогласи до македонскиот народ со цел да ја прикаже бугарската окупација како спонтано барање на македонскиот народ за присоединување кон Бугарија. Пред германските воени власти, овој комитет требаше да го истакне „историското право” на Бугарија над Македонија. Исто така овој комитет својата активност ја проширува и над Егејска и Западна Македонија, што ќе предизвика да се формираат во Тетово и во некои други градови и албански комитети, кои пак барале и Скопје да се приклучи кон Албанија. Во некои градови во внатрешноста се формирани комитети, но нивната улога се сведувала само на одржување ред по градовите. По воспоставувањето на бугарската административно-политичка власт во Македонија, во месец мај 1941 година, директорот на Скопската област ја прекинува работата на Централниот акционен бугарски комитет.
Бугарската влада во Македонија и Поморавјето ја испрати петтата армија, од три дивизии, подоцна засилена со уште една дивизија. Покрај дивизиите, беа доведени уште две гранични бригади и посебни единици за обезбедување на патиштата и разни индустриски и други објекти. Во источниот дел од Егејска Македонија бугарската влада го испраќа Вториот корпус, од три дивизии. Бугарската влада во Македонија повремено ангажира и други вооружени формации (војска, полиција, жандармерија и др.) од територијата на Бугарија Присуството на толкав број на бугарска војска на територијата на Македонија само укажува дека воопшто не се работи за ослободување како што некои го прикажуваат туку за окупација на Македонија.
Територијата на западна Македонија беше окупирана од италијанските сили во јачина од повеќе од една дивизија и други жандармериски, полициски, гранични и слични единици.  Посебна карактеристика на бугарската и италијанската окупација во Македонија е таа што, покрај бугарските и италијанските вооружени сили, постојат и германски единици, команди и полиција, како и посебни германски стопански организации за експлоатација на рудните богатства и др. Целиот германски воен и полициски апарат во Македонија се меша во работите на окупациони власти, за која цел има делегирани офицери во штабовите на посебно на покрупните воени бугарски единици, при полициските власти, а и директни врски со некои бугарски политички личности.По освојувањето на Франција и по воздухопловната битка за Велика Британија, Германија  во 1941 година, се готвеше да се пресмета со Советскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: