ЗАПЛЕНЕТИ 22 ЗЛАТНИЦИ НА АЕРОДРОМ ВО СКОПЈЕ

При контрола на патник на Аеродром Александар Велики во Скопје,  мобилен царински тим откри 22 златници со вредност од околу 12 илјади долари.
 Имено, на 13 јули 2016 година околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје,  за влез во Република Македонија со лет од Рим се пријави лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за  царинска контрола.  При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  пронајдоа 22 златници со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците според пронајдената фактура изнесува 11.645 американски долари или околу 647.578 денари.
Непријавените златници се привремено задржани, а против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
 Имено, на 13 јули 2016 година околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје,  за влез во Република Македонија со лет од Рим се пријави л

Пронајдете не на следниве мрежи: