Градот Скопје денеска /29.06.2016 година, среда/ почна уште еден во низата капитални проекти за Скопје – проектот за изградба на атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“.На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, членови на Советот на Град Скопје, како и претставници од Општина Чаир.
– Со овој градежен зафат, по должината на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ ќе се изгради нова атмосферска канализација со вкупна должина од 800 метри, каде што ќе се постават цевки со голем профил од 1.200 милиметри. Новата атмосферска канализација ќе заврши во приклучна шахта на улицата „Цветан Димов“. Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината Чаир и ќе се реши деценискиот проблем на околните жители. Рокот на изведба е 3 месеци, но добивме ветување од изведувачите дека градежните работи ќе бидат поинтензивни и дека истите ќе завршат до почетокот на новата учебна година – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски изјави дека ова е вториот капитален проект којшто почна да се реализира на територијата на Општина Чаир изминативе неколку месеци, заедно со проширувањето на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ и истите се показател за одличната соработка која Градот Скопје со Општина Чаир.
За изградбата на оваа атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ Градот Скопје ќе вложи околу 23 милиони денари, додека на терен ќе работат екипите на компанијата „ЈУ БАЈ 2 АМЕТ“ ДООЕЛ Скопје.На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, членови на Советот на Град Скопје, како