Започна одмаздата на турскиот премиер

Loading...

Реџеп Таип Едоган, турскиот премиер денес ја прослави “победата” над протестантите кои што го доведуваа во прашање неговиот авторитет цели две недели. Поради тоа тој започна со апсење на лицата поврзани со организацијата на протестите.
Ден по неуспешната мобилизација на двата големи синдикати кои што дојдоа да ги подржат протестите, шефот на турската влада го искористи својот неделен говор пред претставниците на својата Партија за правда и развој да “сврти нов лист” по досега невидените протести кои што ја потресоа целата земја.
“Нашата демократија повторно беше поставена пред тест и од истиот излезе како победник”, била изјавата на Ердоган која била проследена и со громогласен аплауз.
“Народот и владата ја спречија таа измама која што ја смислија предавниците и нивните соучесници во странство”.
“И се заблагодарувам на полицијата за трпението и здравиот разум”, изјавил тој, оправдувајќи го нејзиното масовно користење на солзавец.
 “Нашата полиција го усвои демократското однесување против насилството и успешно го положи тестот на демократија”, инсистирал Едоган.
Уапсени биле 90 членови на Социјалистичката партија во Истанбул, а во Анкара вкупно 30 лица биле донесени во притвор. Сепак, министерот за внатрешни работи Моамер Гуелер признал 62 апсења во Истанбул и 23 во Анкара, но истите биле во рамките на одамна подготвената операција против “терористичката организација МЛКП”, која исто така учествувала во протестите во паркот Гези.Реџеп Таип Едоган, турскиот премиер денес ја прослави “победата” над протестантите кои што го доведуваа во

loading...
Loading...