Започна попустот на flydubai

Flydubai вчера на 08.09.2015 година го лансираше својот прв попуст на целата мрежа, нудејќи 30 отсто пониски цени за корисниците на бизнис и економската класа, кои патуваат до Дубаи и други селектирани локации. Корисниците кои планираат да патуваат меѓу 1 октомври 2015 година и 30 јуни 2016 година и ќе ги резервираат своите летови пред 20 септември, ќе добијат 30 отсто попуст.Со својата флота од 49 модерни Боинг 737-800 авиони, flydubai оперира околу 1.600 летови неделно, до повеќе од 90 дестинации во 45 држави, создавајќи мрежа која ги спојува земјите од Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, Кавкаските земји, Централна Азија, Европа, како и Индија.
Дубаи е на крстосницата на истокот и западот и во срцето на динамичната глобална индустрија, поврзува луѓе со различно потекло и култура. Дубаи е исто така космополитска оаза, футуристички град кој се издигнува над Арапската пустина. Од шопинг центри и ски патеки на затворен простор, до пустинско сафари и највисоката зграда на светот, Дубаи е град кој нуди атракции подеднакво за целото семејство, како и за патувачките ентузијасти.  
flydubai се посветени на обезбедување за своите патници подобро патувачко искуство, преку понуда на поголем избор и флексибилност. Бизнис класата на flydubai нуди уште поудобно и полично искуство во летањето, додека пак популарната и пристапна економска класа на авиопревозникот продолжува да им овозможува на сè поголем број луѓе можност да патуваат до повеќе места почесто, додека плаќаат помалку.
Резервирајте пред 20 септември и летајте до вашата посакувана дестинација за 30 отсто помала цена. Летовите може да се купат од веб страницата на flydubai (flydubai.com), контакт центарот на компанијата (+389 2 3211 133), продажните центри на flydibai, или преку агенциите-партнери на flydubai. Ве молиме посетете ја страницата flydubai.com за целосните Услови на користење.
flydubai оперира со 2 лета неделно меѓу Скопје и Дубаи.
За распоред на летови, ве молиме посетете ја: https://www.flydubai.com/en/plan/timetable/
За flydubai:
Со седиште во Дубаи, flydubai цели кон отстранување на бариерите во патувањето и кон зголемување на поврзаноста меѓу различните култури преку својата мрежа, која постојано се шири. Од нејзиниот почеток во 2009 година, flydubai:

Создаде мрежа од повеќе од 90 дестинации, со 19 нови рути најавени во 2015 година.

Отвори 67 нови рути кои претходно немале директна конекција до Дубаи, или пак не биле опфатени во мрежата на националниот превозник на ОАЕ од Дубаи.

Изгради флота од 49 нови авиони и ќе ја преземе нарачката од повеќе од 100 нови авиони до крајот на 2023, од кои сите ќе бидат Боинг 737-800.

Дополнително, агилноста и флексибилноста на flydubai како млад авиопревозник го зголемија економскиот развој на Дубаи, во согласност со визијата на Владата на Дубаи, преку креирање на проток на трговија и туризам со пазари кои дотогаш не биле поврзани.
За повеќе информации за услугите на flydubai, ве молиме посетете ја веб страницата:
flydubai.com.Со својата флота од 49 модерни Боинг 737-800 авиони, flydubai оперира околу 1.600 летови неделно, до повеќе од 90 дестинации во 45 држави

Пронајдете не на следниве мрежи: