– Денеска почнува вкрстувањето на податоците што Државната изборна комисија ги чекаше од десетте институции веќе подолг период, вели член на ДИK од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за „Дневник“. Вкрстувањето ќе трае два-три дена, по што ќе следува проверка на терен на оние места, односно адреси каде што податоците ќе бидат спорни. Неговите процени се дека Избирачкиот список ќе биде прочистен и затворен навреме за изборите да се одржат на договорениот датум, 24 април.За време на телефонскиот разговор со него вчера, во тек беше седница на Kомисијата на која,како што ни рече „се одлучува за важни прашања во врска со Избирачкиот список“. Веќе кон 20 февруари, рече тој, ДИK и официјално ќе ја даде својата оценка дали изборите ќе можат да се спроведат во април.
– Денеска (16 февруари) очекуваме дека ќе ни бидат подготвени уште две бази на податоци од институциите, и од утре да почне вкрстувањето на податоците. Околу 20- февруари очекувајте ги нашите процени, кои, според мене, ќе бидат во корист на одржувањето на изборите во април – вели член на ДИK од ВМРО-ДПМНЕ.
Истото ни го потврди уште еден од членовите, кој инсистираше на анонимност. Според него, вкрстувањето на податоците доцни заради тоа што тимот предводен од меѓународен претставник, во кој членуваат експертите по информатичка технологија и четворица припадници на најголемите партии, долго време вршеле „унификација на базите на податоци од 10-те институции“, односно бавно го вршеле собирањето на податоците што ~ се неопходни на Kомисијата за да го почне споредувањето.
– Моја процена е дека оваа операција може да ја завршиме за два-три дена. По вкрстувањето на базите на податоци ќе видиме колку спорни записи ќе произлезат, по што ќе следува фазата на проверка на податоците на терен, односно во оние места каде што има недоследности – вели членот на Kомисијата. И тој е согласен дека ќе бидат завршени сите обврски за изборите да се случат на 24 април.
– Со тоа би имало услови изборите да се одржат на 24 април. Kога ова го говорам сметам и на периодот до крајот на март, односно дека проверката на терен може да се врши с` до затворањето на Избирачкиот список, додава тој.
Вчера побаравме и одговор од раководството на ДИK до каде е процесот на прочистување на Избирачкиот список, но ни беше речено дека засега не можат да ни дадат процена дали с` ќе биде сработено за изборите да можат да се одржат на 24 април.
Нашите соговорници велат дека претседателот Александар Чичаковски ниту на интерните прашања од своите колеги досега не се изјаснил дали може да се стаса со прочистувањето на списокот.
Сево ова доаѓа откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера во изјава за МИА рече дека терминот 24 април за предвремените парламентарни избори зависи од оценките на ОБСЕ/ОДИХР и Државната изборна комисија:
– Имавме договор од јуни/јули минатата година и дел од овој договор е одржувањето предвремени избори. Но, не можам да ви дадам одговор во моментов. Зависи од оценката на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, за зрелоста за подготовка на изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука – истакна Хан.
Нова средба за медиумите, позициите непроменети
Додека Хан зборува дека одржувањето на изборите ќе зависи од оценките на ОБСЕ и ДИK, преговорите за медиумите с` уште не мрднуваат од мртва точка. За вчера попладнето повторно беше закажана средба на работната група со олеснувачот Питер ван Хут.
На последната средба одржана минатата недела партиите само ги повторија ставовите. За СДСМ прифатлив е предлогот на медијаторот, а за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив кој било закон од европските земји.За време на телефонскиот разговор со него вчера, во тек беше седница на Kомисијата на која,како што ни рече „се одлучува за важни прашања во