Играниот филм „Безимени“ на сценаристот и режисер Вардан Тозија во продукција на Дрим Фектори, го започна снимањето во Скопје. Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија, а како партнер и помагател во реализацијата и снимањето се појавува и Градот Скопје.БЕЗИМЕНИ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат бескомпромисна улична борба до последен здив. Главната улога ја толкува 16годишниот Мартин Ѓоргоски, заедно со актерите Дениз Абдула и Никола Ристановски.
Филмот ќе се снима во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат Директорот на фотографија Владимир Самоиловски, сценографијата во филмот ја креираат Kирил Спасески и Наташа Димитриевска, Костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Горан Игњатовски, снимател на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов.БЕЗИМЕНИ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, го одбираат својот&