Друштвото за управување со амбалажен отпад Пакомак заедно со Про кредит банка веќе четврта година по ред го организира настанот „Треш фор арт“ кој има за цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата од секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби од пластика, хартија, лименки, стакло или композит.Наградниот конкурс „Треш фор арт 2014“ е отворен за возрасни и за деца што ќе се натпреваруваат во две категории – поединци и училишта. Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди и тоа: 50.000 денари за првото место, 25.000 денари за второ и 15.000 денари за трето место.
„Имајќи во предвид дека веќе четврта година по ред заедно со Про кредит банка го одржуваме овој настан, и при тоа предизвикуваме навистина голем интерес, задоволството е неизбежно бидејќи на еден креативен начин ја подигаме свеста за амбалжниот отпад, кој во случајов и не можеме да го наречем отпад, туку уметнико дело. Мотивацијата и инспирацијата да се создаде нешто вредно од отпад се чини дека е голем предизвик, па на крајот комисијата има навистина тешка задача за да го одбере најдоброто дело. Ги покануваме сите кои се чувствуваат креативни да земат учество и да направат нешто вредно за паметење“, изјваи Филип Иваноски, директор на Пакомак.
Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл.
Готовите дела треба да се достават на 15 и 16 декември, од 10 до 18 часот, во зградата на Кинотека на Македонија во Скопје, на адресата „Никола Русински“ бр.1 (кај библиотека „Другарче“, наспроти средното училиште „Никола Карев“, во населбата Карпош 3).
Повеќе информации во врска со правилата за учество можете да најдете на веб страната: https://www.pakomak.com.mk/Наградниот конкурс „Треш фор арт 2014“ е отворен за возрасни и за деца што ќе се натпреваруваат во две категории – поединци и учи