Како што пренесе новинаската агенција Итар-Тасс, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шоглу, го информирал денеска претседателот Владимир Путин, дека во Средоземното море било регистрирано истрелување на два балистички објекта. Траекторијата на двата балистички објекта почнала од централниот дел на Средоземното море, а завршила на неговиот источен брег.
Новинската агенција „Ројтерс, пак, повикувајќи се на руската РИА „Новости“, која пак објавила информација од Министерството за одбрана на Русија јавува дека руските воени радари откриле два балистички објекти.
„Истрелувањето било регистрирано во околу 10.16 часот по московско време, од радарскиот систем за предупредување од ракетни напади во Армавир“, соопштил претсавник на руските власти за тамошните медиуми.
Русија досега упати повеќе критики до САД, дека испраќаат воени бродови во Средоземното море, во близина на Сирија.
Последните информации се дека НАТО ги проверува и утврдува потребните податоци и информации за истрелување на балистички ракети во средоземноморскиот регион, пишува Итар-Тасс.
Претставник на официјален Вашингтон, пак, се обратил до јавноста со информација дека „никакви американски летала, или бродови не истрелале ракети од Средоземното море“, објавува телевизискиот канал Си-Би-Ес.
Се очекува да добијат точни информации за истрелувањето на балистичките ракети кои може да значат почеток на војната кон САД и Сирија. Траекторијата на двата балистички објекта почнала од централниот дел на Средоземното море, а завршила на неговиот источен брег.
Новин