Почна жестоката борба на СДСМ и ДУИ за албанските гласови, а со тоа и дуелот за ветување поголеми права на Албанците во Македонија.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.
Ова, како што објави телевизија Телма, Ахмети го изјави пред подмладокот на партијата, вечерва во скопски Чаир.
Ахмети рекол и дека СДСМ за гласовите на Албанците доцнат цели 15 години и запраша: Каде беа пред 15 години, кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик? А сега, сакаат да владеат со помош на албанските гласови.
ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии туку нејзин сојузник е албанскиот народ.
Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.
Мухамед Зекири, миленикот и советник на Зоран Заев, застана во одбрана на СДСМ.
Инаку, Заев веќе неколку пати ја кажа својата намера- ако дојде на власт, цела Македонија ќе ја направи двојазична.
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев.
Дополнително лидерот на СДСМ во своите изјави потенцираше дека со воведувањето на двојазичноста ќе лови албански гласови.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи, дециден е Заев.
За потсетување, Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.
Социјалдемократскиот сојуз по најавите на партискиот лидер Заев, почна и на дело да ја форсира двојазичноста. Штабот на СДСМ во скопски Чаир доби двојазична табла.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.
Ова,