Започнаа борбите во Славјанск: Двајца мртви, 4 хеликоптери соборени

 
Украинската војска ги зазела контролните пунктови во Славјанск, додека проруските сепаратисти го користеле локалното население како жив штит.
  
Војската започна огромна антитерористичка акција во Славјанск. Градот е блокиран и постојано ечат експлозии и рафали, додека 20тина хеликоптери го надлетуваат.
Проруските сепаратисти успеале да соборат дури 4 хеликоптери, и притоа да убијат еден пилот а да заробат друг. Исто така убиен е и еден од водачите на тамошните проруски сепаратистички групи.
Според извештаите од терен, украинските хеликоптери дури и со ракети гаѓале неколку точки во градот.
Украинските сили ги зазедоа сите контролни пунктови во Славјанск, како и полициската станица. Исто така е блокиран и патот до Краматорск, град 19 километри оддалечен од Славјанск.
  
Војската започна огромна антитерористичка акција во Славјанск. Градот е блокиран и постојано ечат експлозии и рафали

Пронајдете не на следниве мрежи: