Започнаа обуките за лица со инвалидност со цел полесно да се вклучат на пазарот на труд

Започна да се реализира владиниот проект преку кој 100 невработени лица со инвалидност ќе добијат 4 месечни обуки за стекнување на знаење и вештини и ќе се оспособат за  полесно интегрирање на пазарот на труд.Лицата со оштетен слух ќе добијат обука за водоинсталатери  додека оние со оштетен вид ќе бидат обучени за масери.
Според Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување на град Скопје  станува збор за обуки за профили  кои се бараат на пазарот на труд и работодавачите имаат потреба од таков кадар.
-Овие обуки се организираат се со цел на овие невработени лица полесно да се вклучат на пазарот на трудот и да стекнат одредени знаења и вештини кои што подоцна ќе им користат. Со нив би отвориле сопствен бизнис или пак би се вработиле со овие знаења и вештини, рече Алексовска.
Таа посочи дека за овие лица со инвалидност, откако ќе ги завршат основните обуки, имаат и дополнителни проекти со кои би можеле да отворат и свој сопствен бизнис.
– Имаме наменета програма за отворање на сопствен бизнис на лица со одреден инвалидитет и истите кои што ќе ги завршат овие обуки може по тоа да пристапат кон оваа програма и да бидат дополнително поддржани со неповратна финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис за она што веќе ќе стекнат знаење и вештини или пак во некоја друга дејност, рече Алексовска.
Обуките ќе бидат четиримесечни, од кои тримесечна обука и едномесечна пракса во реални работни услови. Обучувачите или центрите за обука ќе добијат финансиски надоместок во висина од 30 илјади денари за реализација на обуките, додека лицата со инвалидност ќе добијат околу 8 илјади денари за надоместување на нивните трошоци за храна, превоз и осигурување во случај на несреќа при работа.
Фредерика Тасевска наставник во ДУЦОР Партенија Зографски  истакна дека наредните 4 месеци во нивното училиште ќе се изведуваат обуки за инсталатер и монтер на водоводна инсталација за лица со оштетен слух.
-Треба да поминеме 200 часа. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел. Кандидатите ќе имаат можност и своите практични вештини во рамки на оваа струка  да ги развиваат. Четвртиот месец е потребно ние да им обезбедиме под наше менторство работа кај работодавач, да се стекнат со практични вештини во реална компанија. Во моментов се обучуваат 9 лица, рече Тасевска.Лицата со оштетен слух ќе добијат обука за водоинсталатери  додека оние со оштетен вид ќе бидат обучени за масери.
Според Слободанка А

Пронајдете не на следниве мрежи: