Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја презентираше новата активност „Се бориме за секое работно место“, која ги таргетира и невработените лица и работодавачите и има за цел кариерно советување и давање информации за отворените работни места.Сите мерки и активности кои Владата ги спроведе изминатиот период допринесоа невработеноста во Македонија да достигне до историско најниско ниво на 25,5,% заклучно со третиот квартал на 2015 година.
-Позитивните резултати не мотивираа да продолжиме со уште поинтензивно темпо, рече Спасов.
Досегашното искуство, продолжи Спасов, говори дека кај невработените лица се уште постои недоволна информираност за информациите кои што можат да ги добијат во Центрите за вработување а се однесуваат на активните мерки за вработување.
Токму поради тоа со мерката „Се бориме за секое работно место“, ќе се насочи кон остварување на подобра комуникација со компаниите, а од друга страна ќе ги информира активните баратели на работа за можностите и мерките за вработување.
Активноста ќе се потпира на два пакети: во првиот пакет е предвидено во соработка со секој од раководителите на Центрите за вработување, АВРМ и Министерството за труд и социјална политика да се остваруваат интензивни контакти со приватните компании во Македонија, и тоа и домашните и странските компании.
-Преку форумите за работодавачот кои ќе ги организираме во секоја општина и преку непосредните контакти со компаниите ќе се обидеме да обезбедиме, точни и навремени информации за отворените и слободните работни места во државата во наредните неколку месеци кои што можат да се пополнат, објасни Спасов.
Во моментов според податоците на АВРМ во Македонија има над 4.900 слободни работни места во домашните и странските компании.
-Во зависност од квалификациите кои што се барани овие работни места преку вториот пакет на активности ќе ги нудиме на невработените. Предвидено е да продолжиме со отворените денови на Агенцијата за вработување во секоја општина во Република Македонија да ја посетиме со три тима кои што ќе бидат составени од Дирекцијата на Агенцијата, директорот на Агенцијата и јас како дополнителен заменик министер. Планирано е да ги посетиме сите општини во државата и да организираме форуми со работодавачи, при што ќе бидат поканети сите компании од општината кои што сакаат да учествуваат, додаде Спасов.
Покрај форумите за работодавачи, планирано е да се одржат и форуми за активни баратели на работа, потоа со невработени лица од 30-40 години и со повозрасни лица кои имаат над 50 години, активни баратели на работа.
Како втора активност од вториот пакет е средба на директорите на Центрите за вработување кои што ќе организираат кариерно советување и презентирање на мерките за невработени лица.
-Секој од директорите на центрите за вработување секој понеделник, среда и петок ќе имаат отворени денови во кои што ќе остваруваат средби и презентации и карирено советување, со сите активни баратели на работа на териториите на општините кои што ги покриваат 30-те Центри за вработување, појасни Спасов.
Целта на оваа мерка, заклучи Спасов, е да се допре до сите активни баратели на работа при што ќе се презентираат можностите кои што ги нуди приватниот сектор, да се презентираат отворените работни места во државата и 28-те мерки од оперативниот план за вработување за 2016 години преку кои ќе се реализираат околу 710 милиони денари и планирано е да се остварат над 8.700 вработувања во 2016 година.Сите мерки и активности кои Владата ги спроведе изминатиот период допринесоа невработеноста во Македонија да достигне до историско најниско ниво на