Започнува најинтересниот саем во годината- Саем на книгата 2017

На 4-ти април се отвораат портите на најпопуларниот саем во Македонија, Саем на книгата. 29-от Меѓународен саем на книгата ќе се одржи во Метрополис Арена (Хала 1) и Хала 2 каде на 4.000 м2 изложбен простор и оваа година ќе биде обезбедена најголемата концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. „Меѓународниот саем на книгата, безмалку три децении претставува значајна проекција на најновите творечки остварувања и е место каде што се трага по смислата и предизвиците што ги нуди пишаниот збор. Оваа манифестација, која е најпосетуваниот настан од областа на литературата и издаваштвото во нашата земја, низ годините успеа да ја пренесе суштинската порака на литературата и убавината на книжевноста, која отсекогаш ја имала моќта да гради трајни пријателства меѓу луѓето“, истакна заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ, на свеченото отворање на Саемот на книгата.
За време на отворањето се обрати и извршниот директор на Скопски саем, Даниела Глигоровска, која рече „Во наредните саемски денови публиката од различни возрасти ќе може да проследи богата саемска програма и 60 промоции на нови дела и автори, дебати, трибини, доделувања на награди. За прв пат оваа година, ќе биде претставена и литературата за деца и млади во адаптираното Детско катче каде најмладите ќе може да се едуцираат и забавуваат со богати промоции на детски изданија, креативни работилници и други забавни активности“. Таа потенцираше дека оваа година се очекува саемот да привлече исклучително голема број на посетители.
Посетителите од 4-ти до 10-ти април од 10:00 до 20:00 часот ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори во Промотивниот центар во Хала 2,  како и дружење и гостувања на авторите на на самите штандови на издавачите.
Саемот за туризам „Скопје травел маркет“ и „Денови на образование и кариера“ се одржуваат во периодот 6 до 8 април, од 10.00 до 20.00 часот.
За сите саеми, цената на влезницата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети, 20 денари.
Со почит,
СКОПСКИ САЕМ„Меѓународниот саем на книгата, безмалку три децении претставува значајна проекција на најновите творечки остварувања и е место кад

Пронајдете не на следниве мрежи: