Автомобилските легенди, Мајк Бруер и Ед Чајна ја започнуваат својата авантура овој пат на американско тло. Како што и самите велат, бројот на сончеви часови за западниод брег, убавото време и конкурентниот пазар се главни виновници што оваа сезона се преселени од Британија во Америка. Но, тоа не значи дека ги имаат напуштено европските корени, туку напротив, ова решение го имаат донесено со цел да работат повеќе за гледачите.Тие ќе бараат, купуваат и реставрираат автомобили на најконкурентниот пазар на светот. Во нивната нова работилница, нема да се реставрираат само американски автомобили,туку и примероци од целиот свет, но со автомобили кои биле многу популарни во Америка. За таа цел, Мајк ќе патува низ цел свет да ги пронајде вистинските примероци.
Секако, неизоставен дел и од оваа сезона е пробното возење, кој им прикажува на гледачите како всушност еден класичен автомобил треба да изгледа.
Трговците на автомобили ќе ни прикажат фантастичен опсег на американските автомобилски икони: редок примерок на Pontiac GTO, американскиот камионет Ford F1, неверојатниот Coupe од педесетите Desoto Firedome, најголемата автомобилска шега AMC Pacer и многу други.
За крајот на сезоната има и специјално издание на кое ќе се претстават нивните омилени моменти од снимањето, работилницата и надвор од неа.
Новата дванаесетта сезона на Дискавери започнува на 4ти април во 20 часот.
Тие ќе бараат, купуваат и реставрираат автомобили на најконкурентниот пазар на светот. Во нивната нова работилница, нема да се реставрираат само ам