Започнува прославата на Кинеската нова година: Кина во наредните 7 дена ќе биде блокирана!

Кинезите ширум светот од денеска ја почнуваат седумдневната прослава на Лунарната нова година, која започна ноќeска на полноќ.Лунарната или Кинеска нова година се смета за период на најголема миграција во светот, бидејќи за милиони луѓе кои работат далеку од своите семејства тоа е традиционална можност да заминат дома.
Овој празник се слави во Кина, на Тајван, на Корејскиот Полуостров и во Виетнам.
Кина во следните седум дена ќе биде буквално блокирана, а голем број жители на Пекинг веќе тргнаа кон своите празнични дестинации.
Аеродромите, железничките и автобуските станици се преполни со луѓе. Работниците-имигранти заминуваат на долги патувања до своите куќи во руралните краеви, додека побогатите граѓани заминаа надвор од Кина.
Граѓаните на Тајпеј масовно се снабдуваат со намирници за празникот.
Властите во Хонг Конг очекуваат дека границите на овој град за седумте празнични денови ќе ги преминат речиси осум милиони туристи, повеќе отколку што има жители (7,1 милион).
Според кинеската астрологија, оваа лунарна година, која кај Кинезите е позната како Пролетен фестивал, е година на коњот и се смета за период на среќа и благосостојба.Лунарната или Кинеска нова година се смета за период на најголема миграција во светот, бидејќи за милиони луѓе кои работат далеку од своите семејст

Пронајдете не на следниве мрежи: