Започнува првиот Бизнис Баскет Турнир во Македонија

Како и секаде во светот, така и македонските компании се грижат за своите вработени да водат здрав начин на живот и да се дружат меѓу себе и надвор од зградата во која работат. Новитет е целиот концепт за спортување и дружење после работа каде ќе има и натпреварувачки карактер за сето тоа да биде уште поинтересно и попривлечно. Трендот во светот е вработените освен секојдневното работење во канцеларија да се организираат и за заедничко спортување кое уште повеќе би ги зближило и би ги направило пријатели, а не само колеги. Баскетот е совршениот спорт за тоа бидејќи освен што отсекогаш бил еден од најомилените тимски спортови, скоро и да не постои човек на планетава кој барем еднаш не изиграл една партија баскет во животот.Трендот за кој зборуваме конечно дојде и во Македонија. Во петок, 9-ти октомври во Форца Баскет центарот кој што се наоѓа во склоп на Орце Николов во Скопје ќе биде отворен првиот во нашата држава „Бизнис Баскет Турнир“ во кој ќе се натпреваруваат следните компании: Капатал Банка, Уника, Геинг, Гим, Систина, ЈСП, Комак Медикал, Леорон, Мултимагнат, НЛБ Тутунска Банка, Општина Карпош и Роби Концепт.
Играчите кои што се пријавени од сите екипи се аматери, односно не се регистрирани во првите 2 лиги во македонската кошарка во последните 2 години, а истите мораат да бидат вработени во компанијата. Со цел секоја екипа да има поголем број на играчи и секако дружењето да е поголемо, максималниот број на играчи дозволени за пријавување е 8 (3+5) кои можат неограничено да се менуваат во текот на натпреварот.
Натпреварите во „Бизнис Баскет Турнирот“ ќе се играат во термините меѓу 18:00 и 21:00 часот секој петок. Времетраењето на сетот е 15 минути или пак која екипа прва ќе постигне 16 поени. Победник на натпреварот е екипата која ќе биде подобра по 3 изиграни сетови од по 16 поени.
Интересно и секако предизвикувачки е тоа што секој натпревар ќе го суди судија со лиценца од кошаркарската федерација на Македонија. Системот на натпревари се состои од две фази, првата фаза подразбира играње на натпревари во класичен т.н. лига систем, односно секој со секого во двата дела, есенски и пролетен. Потоа првите 8 пласирани екипи по групи играат елеминациони натпревари во ¼ финале, ½ финале и финале помеѓу првите 4 екипи.
Сите резултати и изгледот на групите ќе биде објавуван на Facebook страница на „Бизнис Баскет Турнирот“, по завршувањето на секој натпревар.
Се гледаме на 9-ти октомври (петок) во 18:00 часот на свеченото отворање на Бизнис Баскет Турнирот во Форца Баскет центарот кој што се наоѓа во склоп на Орце Николов во Скопје, кога и ќе се одржи и првото коло.
Сите љубители на баскетот како маалски спорт кој сега добива уште поголемо значење со вмешувањето на бизнис компаниите ќе можат да се забавуваат и да уживаат во дружењето кое е загарантирано. Ваше е само да дојдете во спортско расположение и да бидете подготвени за дружење, забава и секако за партија баскет.
Ова е само почеток на една голема баскет приказна која што Форца и Општина Карпош ја започнаа со цел да поттикнат баскетот повторно да се врати во населбите, па и најмалите генерации па се до бизнис компаниите да уживаат во популарната игра која е совршена за водење на здрав начин на живот и стекнување на пријателства. Иако во петок е отворањето на првиот турнир во Македонија, организаторите најавуваат дека „Бизнис Баскет Турнирот“ ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година.Трендот за кој зборуваме конечно дојде и во Македонија. Во петок, 9-ти октомври во Форца Баскет центарот кој што се наоѓа во склоп на Орце Николов

Пронајдете не на следниве мрежи: