Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9ти април 2017 (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк. Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.
За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16ти февруари , а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.
Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон https://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон,www.smartrace.club.
Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскио