среда, 25 ноември 2026
Најново

Започнува регистрацијата за Женска трка 2017

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9ти април 2017 (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк. Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.
За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16ти февруари , а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.
Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон https://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон,www.smartrace.club.
Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскио

Поврзани вести