Во четврток, по повод Велигденските празници, во Веро-центарот, за сите нивни потрошувачи ќе започне конкурсот за најдобро декорирано Велигденско јајце.Потрошувачите треба да го пронајдат големото црвено Веро јајце, да се регистрираат, да почекаат нивното јајце да биде фотографирано и да ги најдат своите податоци на фан страната на Веро на фејсбук. Останатото е лесно, само треба да почекаат наградите да бидат објавени.
„И оваа година на големо инсистирање на нашите потрошувачи се одлучивме повторно да го организираме овој забавен конкурс што но ниси големо задоволство на сите и нам и на потрошувачите, кои се и онака мотивирани убаво да ги декорираат своите Велигденски јајца, но сега тие јајца ќе го красат Веро-центарот. Најубавите јајца ќе добијат навистина одлични награди, затоа ги охрабрувам сите да ги донесат своите најубави Велигденски јајца“ – изјави Влатко Величков, Маркетинг Менаџер во Веро.
Освен овој забавен конкурс, во Веро-центарот од четврток, ве очекува и Велигденскиот зајко во својата бајковита куќичка и големата кошница со џиновски Велигденски јајца каде сите најмлади ќе можат да се фотграфираат.
Потрошувачите треба да го пронајдат големото црвено Веро јајце, да се регистрираат, да почекаат нивното јајце