Запознајте ги, но не мажете се за нив

Ова се неколку типови на мажи кои треба да ги запознаете во вашиот живот, но никако не смеете да се омажите за нив!
Типот што никогаш не се смирил, се додека не ве сретнал вас
Ако тој ви тврди дека никогаш не се смирил покрај ниту една претходна девојка, а сега тоа наеднаш му се случува со вас, не му верувајте. Тоа е првиот сигнал заради кој не треба тој да биде вашиот иден сопруг. Можеби ќе се чувствувате прекрасно кога ви кажува како се променил и е подготвен да се смири покрај вас, но во моментот кога врската ќе стане помалку возбудлива и интересна, тој веднаш ќе се предомисли и ќе го смени својот првичен став. Секоја жена треба да запознае ваков тип,  за полесно да може да направи вистинска разлика меѓу него и човекот за кој треба да се омажи.

Дечкото кој се знае со сите
Дури и кога ќе помислите дека сте среќни што сте запознале ваков тип, без разлика дали тоа е поради полесното резерврање на маса во ресторант, или пак ќе ви обезбеди супер резиме за вашата нова работа, сепак внимавајте. Ваквиот зафатен тип, логично е да нема многу време за вас со оглед на тоа дека постојано ќе одоговара на повици или емаил, како би ги оддржал сите овие контакти. Добро е да го имате за другар, колега или пријател, но тоа нека биде сé што ќе имате со овој дечко.
Повеќе на ТЗМ.МК
 

Пронајдете не на следниве мрежи: