Запознајте го напаѓачот кој 20 години не постигнал гол!

Веројатно не сте слушнале за бразилскиот фудбалер Карлос Енрике кој го носи прекарот Кајзер. Тоа е напаѓач кој во текот на својата 20-годишна кариера не постигнал ниту еден гол.Кајзер бил дел од неколку големи клубови во Бразил, направил трансфер во Европа, но во текот на својата 20-годишна кариера не постигнал ниту еден гол. Неговиот живот е по примерот на филмот „Catch Me If You Can“ со Леонардо Ди Каприо, пишува бразилскиот „globo.com“.
Иако немаше талент за фудбал, Карлос Енрике не се откажувал. Ги искористил своите други таленти да стане фудбалер и на крајот успеал. Ја користел својата способност лесно да се спријателува, па со мала досетливост направил нешто неверојатно. Бил дел од најголемите клубови во Бразил, добивал пари, ретко играл, а голови никогаш не постигнувал.
Неговата стратегија била едноставна. На почетокот на 80-тите од минатиот век се спријателил со некои од најголемите бразилски фудбалери Карлос Алберто Торес, Гаучо, Роча, Ромарио, Едмундо, Мозес…
Кога тие би потпишале договор со некој клуб, ги убедувале челниците на своите тимови да му дадат шанса на „талентираниот“ Кајзер во вид на пробен договор. Веднаш откако би потпишал договор, Кајзер би рекол дека му треба неколку недели да се врати во форма. Еден месец би трчал околу теренот, а во ноќните часови би уживал во дискотеките. Жените го сакале бидејќи имал статус на професионален фудбалер.
По еден месец би се појавил на теренот, а тогаш следувал вториот дел од неговиот план.
-Некој би ми ја додал топката, а јас би ја шутнал далеку, потоа би се фатил за задната ложа и би се превиткувал од болки. Наредните 20 дена ги поминував на лечење. Тогаш немаше магнетна резонанца, па мораа да ми веруваат, вели овој фудбалер во интервјуто за „Globo“.

Додека се „опоравувал“ правел се за да стане популарен кај соиграчите.
-Тогаш на играчите не им беше дозволено да го напуштаат хотелот пред натпреварите. Поради тоа, јас неколку дена пред доаѓањето во хотелот би резервирал соби и би изнајмил девојки. Така, играчите не мораа да го напуштаат хотелот за да запознаат девојќи, вели Кајзер.
Повеќето тренери и лекари сметале дека овој фудбалер нема среќа. Меѓутоа некои се посомневале дека нешто не е во ред. Деведесетите години беше дел од Ботафого, а често пати носел голем мобилен телефон.
Го користел за да води лажни разговори на англиски јазик со наводно заинтересирани клубови од Европа. Било лесно да се излажат соиграчите, бидејќи никој не зборувал англиски. Меѓутоа клупскиот лекар го познавал тој јазик. Набрзо сфатил дека англискиот на Кајзер нема никаков смисол. Еден ден додека фудбалерот се туширал, лекарот му го земал мобилниот и сфатил дека се работи само за играчка.
По таквите инциденти, Кајзер би направил многу едноставен чекор, би го сменил клубот, а потоа би ја повторил својата успешна формула. Покрај Ботафого, беше член на Фламенго, Васко Де Гама, Палмеирас и Флуминенсе.
Додека бил член на бразилскиот тим Бангу од Рио де Жанеиро и се уште работел на враќањето во форма, Кајзер се соочил со неочекувано изненадување. Тренерот го вметнал во составот.
-Тренерот ме убеди дека само ќе седам на клупата, но екипата губеше па тој ме испрати на загревање, вели Кајрез.
Влегувањето во игра би ја открило неговата тајна, дека тој и не е баш некој фудбалер, па морал да направи нешто и тоа многу брзо.
-Приметив дека навивачите ги навредуваат играчите. Се качив на оградата и вербално почнав да ги навредувам навивачите, објаснува фудбалерот.

Се разбира поради овој негов потег заработил директен црвен картон, а претседателот на тимот Кастор де Андраде бил многу лут и барал објаснување, но Кајзер се снашол и во оваа ситуација.
-Пред било што да ми кажеш, само ислушај ме. Господ ми подарил татко, но тој почина. Меѓутоа добив нов татко (рекол тој покажувајќи со прстот кон претседателот на клубот). Никогаш нема да дозволам некој за мојот татко да вели дека е крадец, а навивачите токму тоа го велеа и поради тоа реагирав така, со овие зборови Кајзер го убедил претседателот да му прости, а како награда добил нов шестмесечен договор.
Гледајќи дека сите големи ѕвезди прават трансфер во Европа и Карлос Енрике добил желба да отпатува на Стариот континент. Се преселил во францускиот тим Ајачио, а првиот предизвик го имал веќе на првиот тренинг.
Стотина навивачи биле присутни на тренингот за да се уверат во вештините на новата бразилска ѕвезда. Кајзер не сакал да ги изневери, но „паѓањето“ уште при првиот допир со топката не било опција. Како и секогаш, тој смислил нова одлична идеја. Ги земал фудбалските топки и почнал да ги шутира кон воодушевените навивачи. Тоа го правел се додека снемало топки, па тренерот морал да одржи кондиционен тренинг.
Неколку години останал во овој тим кој се натпреварувал во втората француска лига. Забележал дваесетина настапи и тоа како замена, а на теренот минувал едвај по неколку минути.
На крајот се вратил во Рио каде ја завршил својата „импресивна“ кариера во текот на која како напаѓач постигнал цели НУЛА голови. Од тамошните медиуми го добил прекарот „бразилскиот Форест Гамп“.Кајзер бил дел од неколку големи клубови во Бразил, направил трансфер во Европа, но во текот на својата 20-годишна кариера не постигнал ниту еден г

Пронајдете не на следниве мрежи: