Не мораме да го чекаме Фестивалот на брзината во Гудвуд за да го запознаеме првиот мексикански супер автомобил, поради тоа што компанијата Vuhl веќе ги откри деталите за кабриолетот со име 05.
Vuhl 05 е дизајниран како супер автомобил со мала тежина, наменет а асфалтни патишта и стази, инспириран од моделите како што се Bac Mono, Ariel Atom и KTM X-Bow. Автомобилот тежи само 695 кг.
Мексиканската компанија моторот го позајмила од Ford и тоа 2,0-литарски четвороцилиндричен EcoBoost агрегат со турбо компресор, кој произведува 285 КС и 420 Nm вртежен момент.
Преносот е шестоцилиндричен мануелен, кој силата ја распределува на задните тркала. Овој автомобил до „стотка“ забрзува а 3,7 секунди со максимална брзина од 245 км/ч.
Се претпоставува дека неговата цена ќе изнесува 65.000 евра.Не мораме да го чекаме Фестивалот на брзината во Гудвуд за да го запознаеме првиот мексикански супер автомобил, поради