Запознајте ја ЦИМЕТ, кученце кое никогаш не престанува да се смее иако е тешко болно

Кученцето Цимет има 11 години кое боледува од Кушингов синдром и заболување на очите. Сепак, ова не ја спречува да се смее…Адвокатот Ендру Буа во 2004-та година земал кученце од шиба-ину раса и му дал име Цимет.

Поради насмевката која ја има на нејзиното лице додека нејзините сопственици ја шетаат во паркот, вереницата на Ендру одлучува на направи Instagram профил, каде целиот свет би уживал во нејзиниот топол и ведар израз на лицето.

„Кога почнав да живеам со вереникот и Цимет, таа за мене беше и ќе остане најслаткото куче на целиот свет, бидејќи секогаш на своето лице има слатка насмевка. Дури и кога некогаш не е многу среќна, Цимет изгледа како да не и е ништо и најприродно се смешка“ – изјавила Ешли, вереницата на Ендру.

Цимет боледува од две, сериозни болести. Кушинговиот синдром претставува пореметување на работата на хипофизата и надбубрежните жлезди. Надбубрежната жлезда лачи кортизон и коризол, хормони кои го регулираат широкиот спектар на телесните функции, го регулираат стресот, нивото на шеќер во крвта, метаболизмот на мастите и скелетните мускули, функции на бубрегот, кардиоваскуларниот систем и целокупниот имунитет, додека заболувањето на очите, која честопати е наследна, може да предизвика слепило.

Сепак, на нејзиното лице никогаш нема да приметите дали нешто и смета или ја боли. Цимет вешто тоа го прекрива со неодоливата насмевка која душа грее.

Адвокатот Ендру Буа во 2004-та година земал кученце од шиба-ину раса и му дал име Цимет.

Пронајдете не на следниве мрежи: