Запознајте ја Кетрин, учителка која тортите ги претвара во бајковити уметнички дела!

Кетрин Сабат (28) некогаш работела како професорка во средно школо, но денеска, славата ја стекнала како уметник која прави неверојатни бајковити торти.
 Денес, оваа несекојдневна учителка има преку 108.000 следбеници на Инстаграм, а нејзините десерти од соништата, достојни се за правите уметнички дела.
Кетрин почнала да ги прави и да ги украсува тортите во своето слободно време, а на своите пријатели редовно им приредувала слатки роденденски изненадувања.

 Кога се дознало за нејзиниот талент, деловни понуди пристигнувале од сите страни, но бидејќи не можела да постигне се оддеднаш, била принудена да даде отказ во школото каде работела и да се посвети на хобито од соништата.
 

,,Одсекогаш сум сакала да правам слатки. Никогаш не ми биле интересни обичните торти кои се украсени само со шлаг, без разлика колку се вкусни. Поради тоа ги правам по свој вкус, нешто што мене ме потсетува детското мечтаење. Лижавчињата, шеќерната пена, светките и бонбоните се задолжителни состојки на сите мои торти” – објаснува Кетрин.

 Според нејзините зборови, на самиот почеток користела готови смеси за торта кои ги купувала во обичните супермаркети, но со текот на времето напредувала, па почнала да учи од својата мајка.
Денес, оваа несекојдневна учителка има преку 108.000 следбеници на Инстаграм, а нејзините десерти од соништата, достојни се за правите уметнички де

Пронајдете не на следниве мрежи: