Емили Џордан преживеала рак, но таа и нејзиниот сопруг морале да се соочат со фактот дека, нема да можат да се остварат како родители.На Емили и била направена хистеректомија, но непосредно пред операцијата стигнала уште една лоша вест. Анализите покажале дека е бремена.
Нејзината мајка Синди Рејчл била длабоко потресена поради болната ситуација низ која поминувала нејзината ќерка.
„Сакав Емили да ја почувствува таа единствена врска која родителот ја има со своето дете и и предложив да и бидам сурогат мајка“, рекла госпоѓа Рејчл.
Нејзината ќерка и зетот биле прилично скептични поради таа идеја, бидејќи Синди била во раните 50-ти и не биле сигурни дека ќе биде во состојба да ја изнесе бременоста до крај. Сепак почнале сериозно да размислуваат за таа идеја и барале повеќе информации.
Се посоветувале со гинеколози и решиле да пробаат со вештачко оплодување кое успеало. Синди признава дека на почетокот се грижела за реакциите на другите луѓе, но исто така била многу јасна околу својата улога: Таа е само баба.
„Ќерката и зетот ќе го подигнат своето дете, тоа ќе биде нивно бебе, јас само им го позајмив своето тело за да можат да си ги остварат своите соништа“, рекла Рејчл.
Емили вели дека постапката на нејзината мајка е само продолжение на прекрасните работи кои таа цел живот ги правела за нејзе.
„Секогаш се трудеше да имам најдобар можен живот и да ми приушти се што била во можност. Ние две имаме единствена врска и поради тоа толку ја сакам“, вели Емили.
На Емили и била направена хистеректомија, но непосредно пред операцијата стигнала уште една лоша вест. Анализите покажале дека е бремена.
Н



