Fuji Heavy Industries Ltd. (FHI), производителот на автомобилите Subaru, го претстави целосно новиот модел Impreza. Премиерата се одржа во рамките на овогодишниот автомобилски саем „New York International Auto Show“.Петтата генерација Impreza е првиот стратешки важен автомобил за марката Subaru по новата визија на компанијата – „Prominence 2020“. Иновативната Impreza е создадена на новата глобална платформа на Subaru, која значително ја подобрува цврстината на возилото.
Од компанијата се пофалија дека Impreza располага со многу иновативни електронски помошници и како однесувањето на возилото е повеќе одѕив, а возењето е значително подобрено.
Освен со новата глобална платформа на Subaru и со иновативни технологии, Impreza импресионира и со ново развиениот дволитарски Boxer мотор со директно вбризгување, со Symmetrical All-Wheel Drive, како и со системот за помош на возачот EyeSight.
Новата Impreza е и првиот произведен модел во кој е отелотворена новата филозофија на дизајнот на Subaru DYNAMIC x sOLID.
Благодарение на неа, возилото нуди подобрен внатрешен простор и различна визија.
Погледнете го видеото:Петтата генерација Impreza е првиот стратешки важен автомобил за марката Subaru по новата визија на компанијата – „Prominence 2020“. Ин