Запрена истрагата по човекот кој го проголта земјата во САД

Спасувачките екипи на Флорида ги прекинаа обидите да дојдат до телото на Џеф Буш кој загина во местото Брендон во административниот округ Хилсборо во близина на Тампа кога се под неговата спална соба се отвори дупка во којашто пропадна заедно со креветот. Според претпоставките 36-годишниот Џеф Буш е починат. Како што рече во саботата братот на жртвата, во прво време од под земјата можело да се чујат повиците за помош, но потоа Џеф престанал да покажува знаци на живот. Петте членови на семејството се подготвувале за спиење кога слушнале солен тресок и крици на Џеф. Кога дошле до собата виделе дала целиот под пропаднал во дупка длабока повеќе од 10 метри, а пожарникарите и екипите за спасување морале да го евакуираат семејството поради страв од натамошно тонење на земјиштето,. Како резултат на пропаѓање на земјиштето под спалната соба на што се формирала гигантска инка со околу 30 метри во дијаметар. Како мерка на претпазливост, исто така, сите жители на околните куќи беа евакуирани. „Никако не можеме да дојдеме до телото а да не ги загрозиме животите на некој од тимот за спасување“, изјави портпаролката на противпожарната служба од Хилсборо, Џесика Дамико која објави дека потрагата е прекината. Во саботата администраторот на округот Хилсборо, Мајк Мерил изјави дека на домот на настраданиот никој не му се приближува, поради стравување од ново пропаѓање на почвата. Според експертите, земјиштето под зградата е многу нестабилно и неговото пропаѓање може да предизвика нови жртви.
МакфаксСпасувачките екипи на Флорида ги прекинаа обидите да дојдат до телото на Џеф Буш кој загина во местото Брендон во адми

Пронајдете не на следниве мрежи: