Заработува 1.200 евра неделно, а има само 15 години

Нејтан Џон Баптис е 15 годишно момче кое само успеа да направи бизнис, кој на почеткот бил во училишниот тоалет каде ги склучил првите зделки. Тој бизнис сега му носи 57.000 евра годишно.Џон кој инаку е ученик во северен Лондон, веќе 8 години секој им продава чоколади, грицки и пијалоци на своите соученици. Тој прв пат кога дошол на идејата купил производи за 5,5 евра и сите ги продал за еден дел, оттогаш не престанал со бизнисот, како што кажува самиот. Иако има само 15 години, тој има и вработено 11 деца од четири разни училишта, кои продаваат за него, тоа му носи приход од околу 1.200 евра неделно, пишува Дејли Мејл.
Неговиот принцип е доста едноставен, тој купува големи пакувања кои во супер-маркетите се поевтини, а ги продава на парче со цена која е пониска од онаа која е во училишните продавници и машините во продавниците. Тој своите производи секојдневно ги нуди и рекламира на социјалните мрежи.
– Планот ми е да станам милионер, не застанувам додека не го постигнам тоа. Ме чека уште многу напорна работа, вели младиот Нејтан.

Неговиот ранец е неговата шетачка продавница, а откако еден негов пријател се понудил да му помогне, дошла и идејата и други да продаваат за него.
 Едно време бараа од училиштето да престанам со продавање, па дури и бев суспендиран. Но откако им беше образложено дека не правам ништо страшно и нелегално, ме оставија на мира, вели младиот бизнисмен.Џон кој инаку е ученик во северен Лондон, веќе 8 години секој им продава чоколади, грицки и пијалоци на своите соученици. Тој прв пат кога дошол на

Пронајдете не на следниве мрежи: