Ѕвездата на трилогијата „Hunger Games“ се искачи на врвот на листата на најплатени актерки на денешнината, според магазинот „Forbes“.26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.
Парите на нејзиното конто најмногу се слеаја од франшизата „Hunger Games“, но и од огромниот аванс кој платинестата русокоса го доби за претстојната вселенска авантура „Passengers“, во кој Лоренс ја има главната улога, покрај Крис Прет.
Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со $33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со $25 милиони долари заработка.
Погледнете ја целосната листа на најскапо платени актерки за 2016 година:
Џенифер Лоренс – $46 милиони долари
Мелиса Мекарти – $33 милиони долари
Скарлет Јохансон – $25 милиони долари
Џенифер Анистон – $21 милион долари
Фан Бинбинг – $17 милиони долари
Шарлиз Терон – $16.5 милиони долари
Ејми Адамс – $13.5 милиони долари
Џулија Робертс – $12 милиони долари
Мила Кунис – $11 милиони долари
Дипика Педукон – $10 милиони долари26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.