среда, 25 ноември 2026
Најново

Заработуваат како луди! Ова се најплатените холивудски актерки!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ѕвездата на трилогијата „Hunger Games“ се искачи на врвот на листата на најплатени актерки на денешнината, според магазинот „Forbes“.26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.
Парите на нејзиното конто најмногу се слеаја од франшизата „Hunger Games“, но и од огромниот аванс кој платинестата русокоса го доби за претстојната вселенска авантура „Passengers“, во кој Лоренс ја има главната улога, покрај Крис Прет.
Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со $33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со $25 милиони долари заработка.
Погледнете ја целосната листа на најскапо платени актерки за 2016 година:
Џенифер Лоренс – $46 милиони долари
Мелиса Мекарти – $33 милиони долари
Скарлет Јохансон – $25 милиони долари
Џенифер Анистон – $21 милион долари
Фан Бинбинг – $17 милиони долари
Шарлиз Терон – $16.5 милиони долари
Ејми Адамс – $13.5 милиони долари
Џулија Робертс – $12 милиони долари
 Мила Кунис – $11 милиони долари
 Дипика Педукон – $10 милиони долари26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.

Поврзани вести