Продолжува скандалот со јахтата на која изминатото лето уживаше заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска. Иако пред две години требаше да бидат урнати, хангарите во складиштето на компанијата во стечај „Пелагонија“, се уште зјаат празни и напуштени. Поради денационализацијата од 2015 година, овие магацини се на списокот за уривање. Барањето за вклупување на овие парцели во деталниот урбанистички план на општината кисела вода е одбиено уште во август 2014та, објави денеска телевизија НОВА.Телевизија НОВА дојде до документи на кои се потврдува дека складиштата требало да се урнат. Иако уште на почетокот на годината, било побарано од полицијата да асистира во уривањето, МВР не обезбедило присуство. Наместо да одговори на повикот, министерството за внатрешни работи водено од Оливер Спасовски го игнорирало барањето.
Токму во овие хангари, како што објави ТВ НОВА се чува јахтата Ада, која наликува на онаа на која потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со семејството уживаше на грчките плажи.
Хангарите во кои беа сместени јахтите во скопската населба Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“ се во сопственост на „Пелагонија“. Газда на оваа фирма е семејството Пановски, со чија ќерка во исклучително блиски релации е токму радмила Шекеринска.
Деновиве телевизија НОВА дојде до снимки на кои се гледа дека фамозната, наводно изнајмена грчка јахта всушност цело време по завршувањето на летото била и се чувала во Скопје.
Какви тајни крие складиштето и дали ова се правело намерно за да се остави простор да се дислоцира јахтата? Ова прашање дотолку повеќе е важно поради фактот дека екипа на ТВ НОВА ноќта беше сведок на конспиративното дислоцирање на јахтата, заедно со уште неколку луксузни возила од хангарите, на непозната локација.
Минатата година излегоа информации и фотографии за луксузното летување на Радмила Шекеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шекеринска и семејството уживаат на јахтата. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина, иако потпретседателката на СДСМ во анкетниот лист нема наведено дека има јахта..
Се поставува прашањето дали ова се правело намерно за да се остави простор јахтата да се дислоцира безбедно и далеку од очите на јавноста? ТВ НОВА, како што објави во прилогот, проолжува да ја истражува приказната и да бара одговор- какви тајни крие складишето во скопска Кисела Вода и зошто Оливер Спасовски не одговорил на повикот на општината Кисела Вода за уривање на хангарите кои ги нема во изменетиот детален урбанистички план.Телевизија НОВА дојде до документи на кои се потврдува дека складиштата требало да се урнат. Иако уште на почетокот на годината, било побарано од п