Заради нив се чувствувате лошо: Скриени извори на стрес

Работата, обврските и семејните проблеми се извори на стрес за кои сме свесни, но, треба да обратиме внимание и на овие скриени извори.-Не внимавате на исхраната: Често забораваме дека психичкиот стрес произлегува и од физичкиот, а тој пак, е предизвикан од лошата грижа за телото и здравјето. Една од главните компоненти за доброто здравје е правилната исхрана. Тоа пред се значи дека морате да се храните разновидно, но не заборавајте и дека храната морате редовно да ја внесувате. Не прескокнувајте оброци и не се обидувајте здравата храна да ја замените со брза храна без никакви нутритивни вредности.
-Премногу сте критични кон себе: Живееме во компетитивно општество кое некогаш ни наметнува нереачни очекувања. Кога не успеваме да оствариме нешто, стануваме свој најголем критичар и непријател. Чувството дека не сме доволно добри се случува заради погрешно поставените цели.
-Немате сила да ги исфрлите токсичните пријатели од својот живот: Тешко е да се прекинат односите заради кои не се чувствуваме добро, но тој болен рез секој треба да го направи бидејќи на крајот ќе ни внесе позитива во животот. Имате пријатели кои постојано ве критикуваат, не се веселат на вашата среќа и ве поттикнуваат на лоши одлуки? Исфрлете ги од вашата близина бидејќи се токсични за вас.-Не внимавате на исхраната: Често забораваме дека психичкиот стрес произлегува и од физичкиот, а тој пак, е предизвикан од лошата грижа за телото и

Пронајдете не на следниве мрежи: