Расправијата што му претходела на убиството на 22-годишниот Американец на Закинтос, Бакари Хендерсон, избила заради младата хостеса Даница, која работела во клубот каде што вечера биле осомничените и жртвата.Според пишувањата на грчките медиуми што го следат овој случај, таа најверојатно ќе биде клучниот сведок за ова убиство. Даница во својата прва изјава за полицијата не открила многу и рекла дека не е сигурна кој сè учествувал во тепачката, јавува грчкиот портал „Дете“.
Сепак, во следниот нејзин исказ изјавила дека крвавиот напад се случил откако еден од Србите во клубот ѝ забележал што се слика со црнец. Потоа еден од нив го нападнал Бакари, а тој го удрил со шише в глава.
– Заминав со тројца Американци да ги внесам во клубот, а кога се вратив, Бакари лежеше онесвестен и целиот во крв. Еден човек над него се обидуваше да му помогне. Не забележав дали некој од персоналот на клубот учествуваше во тепачката – изјавила Даница за полицискиот извештај.
Таа додала дека не е сигурна дали ќе ги препознае напаѓачите доколку повторно ги види.Според пишувањата на грчките медиуми што го следат овој случај, таа најверојатно ќе биде клучниот сведок за ова убиство. Даница во својата прва изј