Засилено обезбедување на аеродромот во Ротердам: Анонимна дојава за можен терористички напад

Анонимна дојава за можен терористички напад ги засили безбедносните мерки на аеродромот во Ротердам, се наведува во заедничкото соопштение на холандската полиција и воена полиција. Во соопштението се посочува дека на аеродромот „преземени се дополнителни видливи и невидливи безбедносни мерки“, пренесува Танјуг.Припадници на воената полиција со панцири и шлемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се наоѓа на шест километри северно од Ротердам. И покрај заканата, нема прекин на полетувањето и слетувањето.
Во Холандија во сила е зголемена тревога од тероризам, по минатогодишните напади во Париз.
Холандската служба за координирање на борбата против тероризмот во понеделникот соопшти дека терористичката закана во земјата може да се засили, ако Исламска држава биде победена во Сирија и во Ирак, бидејќи тогаш припадниците на џихадистичката група ќе се вратат во земјата.Припадници на воената полиција со панцири и шлемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се н

Пронајдете не на следниве мрежи: