Хоризонт Турново е единствената македонска екипа која остана во Европските натпреварувања, нашиот претставник се наоѓа во одлична ситуација да оствари сензација, да ги испише клубските страници, нашиот претставник заслужува преполни трибини на „Националната Арена Филип Втори“ на реванш дуелот со сплитски Хајдук.Хоризонт Турново, тим кој доаѓа од селото Турново од Источниот крај на Македонија,село кое брои 900-тини жители. Ова мало населено место стана вистински хит и гордост на Македонија во последниот период, а причина секако е фудбалскиот тим на Хоризонт Турново, фудбалските јунаци кои го направија неверојатното, стигнаа до второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа.
Првата пречка беше мината, литванска Судува падна на колена откако нашата фудбалска гордост го понесе среќата па дури по пенал рулет се пласираа понатаму, драма, шок натпревар, натпревар за историја, кој ќе остане запаметен како фудбалско чудо, да тим од толку мало населено место да оствари ваков резултат во Европа.
Светски медиуми пишуваат за нашата фудбалска гордост, „УЕФА“ на својот официјален сајт излезе со сторија за нашиот фудбалски херојски колектив, па така тоа на момците им даде крилја да слетаат на „Пољуд“ во Сплит, за како што велат од Турново, да играат со еден од најдобрите тимови од Поранешна Југославија, обелоденија дека се големи фанови на хрватскиот тим, но дадоа јасно дознаење дека нема предавање, ќе се игра машки, со срце, и навистина тоа го сторија.
Во фудбалот не секогаш победувала финансиската моќ на еден клуб, а кога македонски клуб како Турново е противник на голем клуб, со голема традиција, историја, со одлична инфраструктура, со фантастичен младински погон, со инзвонредни услови, да, тука е наш претставник од калибарот на Турново да ги помати сметките на тој клуб, да му покаже како се игра, со срце на терен.
Добрите познавачи на мак-фудбалот убаво ги помнат успесите на Победа, Вардар, Работнички, Ренова… клубски успеси кои ја вметнаа Македонија барем за момент во европскиот фудбалски шлаг.
Ова е нешто ново, ова е нешто силно и чесно. Момциве заслужуваат преполни трибини на „Националната Арена Филип Втори“, не се работи само за Хоризонт Турново, се работи и за фудбалската чест и углед на Македонскиот фудбал кои и онака висат на конец.
Македонски љубители на фудбалот, вљубеници во мак-фудбалот, колку и да лошо котира во светски рамки, ова е вистински момент да покажеме дека заедно можеме повеќе, онака како што Тоше Проески велеше, и навистина „Заедно можеме повеќе“.
Утре, 17,45 часот, „Национална Арена Филип Втори“, не е важно од која националност сте, вера, етничка припадност, за кој клуб навивате… Едноставно, се бориме да докажеме на фудбалска Европа дека во Македонија се игра и негува добар фудбал, да им дадеме дознаење на сите оние кои ќе не потценуваат што може да им се случи.
Време е… ЗА КОГО?! ЗА МАКЕДОНИЈА!!!Хоризонт Турново, тим кој доаѓа од селото Турново од Источниот крај на Македонија,село кое брои 900-тини жители. Ова м