Македонскиот и европски ракометен првак Вардар по триумфот над Висла во првото коло од групата А од Лигата на шампионите во сабота го очекува нов дуел – прв домашен како европски првак во ЛШ.Во Скопје ќе гостува францускиот тим Нант, во чии редови настапува од оваа сезона и македонскиот репрезентативец и капитен Кирил Лазаров.
– Сега за сега се тече како што треба. Работиме во одлична атмосфера имаме пет победи, но не очекува тежок натпревар. Ние сме шампиони треба да ги повториме шампионските игри. Во секој случај заслужуваме полни трибини, изјави на денешниот прес капитенот Стојанче Стоилов.
За тренерот Раул Гонзалес, Нант е сериозен ривал екипа која има победа на стартот од ЛШ, но и триумф над францускиот првак ПСЖ.
– Треба да победиме,но Нант е добар тим со одличен голман, а и не е само Кирил Лазаров опасен играч, таму има многу квалитетени играчи. И двата тима сакаат да играат на контра напади, воедно и салата треба да биде полна и да ни даде помош публиката на овој дуел, изјави Раул.
За овој натпревар неизвесен е настапот на голманот Страхиња Милиќ, особено што и по снимнките од магнетната резонанца нема конкретни резултати, а Милиќ ќе се обиде попалднево да тренира. Со сигурност во составот ќе се вратат Кањелас и Кристопанс.
Натпреварот Вардар – Нант се игра во сабота во СЦ Јане Сандански со почеток во 17:30 часот.Во Скопје ќе гостува францускиот тим Нант, во чии редови настапува од оваа сезона и македонскиот репрезентативец и капитен